Пишува: Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во базата „ТЦЦ Плаза“, селекторот Игор Ангеловски го очекува комплетирањето на тимот, а треба да пристигне и Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, кој вчера не го одигра мечот за хрватскиот клуб поради проблеми со бутниот мускул.
Адеми денеска ќе замине на детални прегледи, ќе мине низ рацете на лекарскиот тим на репрезентацијата за да биде утврдено за каква повреда станува збор. И многу е важно, дали би можела да биде санирана во наредните два – три дена за тој да се приклучи и да биде во комбинација за настап на историскиот меч против Грузија в четврток.
Македонската репрезентација без Адеми во тимот или со него, разликата е огромна…Во финале, битката на средината на теренот е од решавачко значење.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













