
Актуелниот првак Шкендија на домашен терен ја пречекува Брегалница. Тетовскиот тим е голем фаворит, но голманот на штипјани, Давид Денковски, се надева дека Брегалница може да извлече позитивен резултат.
„Подготвени сме и максимално мотивирани за пресметка со тим како Шкендија. Мислам дека повторно ќе се надигруваме на терен со тетовци, како што беше тоа во првиот меѓусебен дуел оваа сезона кога ремизиравме, 3-3. Знам дека не очекува квалитетен противник, актуелен шампион на Македонија кој е фаворит пред натпреварот посебно и затоа што игра на домашен терен. Но, секако ние сме свесни и за нашите можности па желбата е секако од Тетово да се вратиме со позитивен резултат“, вели Денковски.
Лидерот Шкупи навидум има лесна задача против Пелистер, последнопласираниот тим на табелата. Ардит Иљази верува во успех.
„Денеска имаме многу важен натпревар против тимот на Пелистер и би сакал да ги повикам симпатизери на нашиот клуб да дојдта на стадион и да ни дадат поддршка. Ние сме 100% фокусирани на победа. Максимално го респектираме противникот, но трите бода остануваат во Чаир“, изјави Иљази.
Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Работнички, а Академија Пандев ќе биде домаќин на Тиквеш, а Борец ќе ја пречека Ренова во Велес.
Вчера, Македонија ЃП го совлада Скопје на гости со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (13 ЧАСОТ)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – РЕНОВА
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА: СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
