Connect with us

Ќе ја испрати ли ПСЖ својата ѕвезда Мбапе на достоинствен начин?

Килијан Мбапе во петокот објави дека го напушта ПСЖ на крајот од сезоната и се очекуваше парижаните да му оддадат чест на денешниот натпревар против Тулуз, кој е последен оваа сезона на „Паркот на принцовите“, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Мбапе има договор со парижаните до крајот на оваа сезона и одлучи да не ја продолжи соработката, а по седум сезони ќе ги спакува куферите и ќе го напушти ПСЖ.

Францускиот напаѓач тоа го објави во петокот вечерта на социјалните мрежи и порача дека едноставно е време за нов предизвик и да се испроба во некоја од лигите надвор од границите на Франција.

Се чини дека на сите им е јасно дека тоа ќе биде Реал Мадрид, со кого Мбапе очигледно веќе се договорил пред неколку месеци, а чекаме само официјална потврда дека е нов член на „кралскиот клуб„.

Вечерва на натпреварот од 33. коло на Лига 1 што ПСЖ го игра на домашен терен против Тулуз, Мбапе за последен пат ќе настапи на „Паркот на принцовите“ во дресот на овој клуб и се очекуваше да добие соодветно збогување по сѐ што им даде на парижаните.

Тој го напушта ПСЖ како најдобар напаѓач во историјата на овој клуб бидејќи на 306 натпревари досега постигна 255 гола за овој клуб, а успеа да забележи и 108 асистенции што е навистина неверојатна статистика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови