Клубовите кои се натпреваруваат во Серија А започнаа разговори за можно намалување на бројот на екипи во елитата. Гигантите ја застапуваат тезата дека во првенството треба да се натпреваруваат 18 екипи, а против се клубовите од средината и дното.
Разговорите меѓу клубовите, во кои е вклучен и претседателот на Серија А, Лоренцо Касини, италијанскиот медиум „Ла Газета дело Спорт“ сè уште ги дефинира како неофицијални. Во следната рунда разговори ќе биде вклучен и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.
Најдобрите италијански клубови инсистираат на намалување на конкуренцијата во првенството поради најавениот нов формат на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Се плашат од дополнително пополнување на распоредот. Како аргумент го користат и тоа што германското првенство се игра со 18 клуба, два помалку од италијанскиот шампионат.
Клубовите од средината на табелата, а особено оние од долниот дел, стравуваат дека одлуката дополнително може да им ги намали шансите за останување во Серија А, но и да им нанесе финансиска штета, особено во однос на ТВ правата. За да се донесе одлуката за намалување на бројот на клубови ќе бидат потребни 14 гласа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













