Коронавирусот повторно прави проблеми во светот на фудбалот. Клубовите од петте најголеми лиги повторно ја разгледуваат опцијата да не им дозволат на фудбалерите да заминат на репрезентативни обврски, посебно во земјите што се во црвена зона и каде Ковид-19 прави големи проблеми. При враќањето во клубот, тогаш фудбалерите би морале да заминат во неколкудневен карантин.
Ова става сомнеж дека Македонија би можела да остане без петмина репрезентативци кои се на списокот на селекторот Благоја Милевски. Елиф Елмас од Наполи во Серија А, Дарко Чурлинов од Шалке 04 во Втората Бундеслига, како и тројцата фудбалери од Ла Лига, Енис Барди (Леванте), Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано) и Александар Трајковски (Мајорка).
Доколку се случат и овие отсуства, тогаш селекторот Благоја Милевски ќе има огромни проблеми во пресрет на септемвриските натпревари во квалификацискиот циклус за СП 2022. Во средниот ред веќе се забележливи отсуствата на Аријан Адеми (повреда) и на Бобан Николов (Ковид-19), па затоа дополнителен повик доби Јани Атанасов, фудбалерот на Хајдук Сплит.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski