Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани се согласи да се пресели во шпанскиот прволигаш Вилјареал. Се чека само заминувањето на Пако Алакасер од клубот, па „жолтата подморница“ да добие напаѓач.
Кавани во моментот е без клуб откако му истече двегодишниот договор со Манчестер Јунајтед.
35-годишниот фудбалер имаше неколку понуди летово, се зборуваше за заминување во Фенербахче или Гранада, но Вилјареал му понуди најдобри услови на Уругваецот.
Поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Унаи Емери, го чека Кавани, кој одлично го познава и очигледно одигра важна улога во неговата одлука да го засили полуфиналистот од Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski