
Две супер-пресметки во Втората лига – Исток денеска на програмата во 9. коло. Кавадаречки Тиквеш носејќи ја фаворитската улога одбраната на врвот ја има на домашен терен во Кавадарци против струмичка Беласица, додека Брегалница во Штип, но од 18 часот, го пречекува Кожуф.
Во таборот на Тиквеш оптимистички се расположени во очекување на дуелот со Беласица и покрај претходното реми со Победа. Сега силно веруваат дека ќе се вратат на победите со поддршка и од своите навивачи.
Брегалница во вечерниот термин од 18 часот ќе биде домаќин на Кожуф. „Сините“ повторно се враќаат во својот Штип по реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион, сега во неизвесен меч против гевгеличани кои низ досегашниот тек од првенството покажаа дека се квалитетен тим кој атакува на самиот врв.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (9. КОЛО, 14:30 ч.)
Кит Го – Победа
Тиквеш – Беласица
Брегалница – Кожуф (18 ч.)
Осогово – Каменица Саса
Питу Гули – Плачковица

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
