Кавадарци го тресе фудбалска треска. Тиквеш в среда ќе игра во финале на Купот на Македонија против Воска Спорт, а навивачката група „Лозари“ и сите љубители на фудбалот од овој град се мобилизираат и ќе дојдат да ги бодрат фудбалерите на Националната арена „Тодор Проески“.
„Ајде кавадарчани Скопје да го стресиме, титула дома да донесеме“, порачуваат „Лозари“ со промотивно видео.
Тиквеш заврши на историското четврто место оваа сезона во Првата фудбалска лига, а фудбалерите на Ѓорѓи Мојсов се надеваат дека ќе успеат да остварат историски резултат и во Купот на Македонија и да го освојат трофејот, а со тоа клубот и првпат да обезбеди излез на европска сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













