Ќатип Османи повеќе не е шеф на стручниот штаб на Шкупи, откако трофејниот стратег го напушти кормилото на чаирскиот прволигаш по серијата слаби резултати во Првата лига. Вчерашниот домашен пораз од Ренова дополнително ја искомпликува ситуацијата на Шкупи, па на состанокот меѓу раководството и тренерскиот тим беше донесена одлука за разделба.
„Како резултат на новонастанатата ситуација, тренерксиот тим предводен од Ќатип Османи престанува со работниот ангажман во клуб. На состанокот Османи се заблагодарил за можноста да го предводи тимот и им посакал на фудбалерите многу успех, да ја завршат сезоната на што подобро место на табелата. Исто така, Ќатип Османи се заблагодари на навивачката група „Шверцери“ за поддршката што му ја даваа во времето минато во клубот“, објави Шкупи на официјалната веб-страница.
Капитенот на екипата, Муарем Бајрами, ќе ја има улогата на привремен тренер додека не биде именуван перманентен тренер на местото на Османи.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













