
Македонскиот првак Струга Трим Лум утре во Ерменија го игра реванш натпреварот против Пјуник од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот Ќатип Османи, и покрај предноста, изјави дека неговиот тим ќе мора одигра максимално сериозно, да го даде максимумот, со цел на крајот да ја оствари целта.
„Предноста од 2-1 од првиот натпревар во Охрид не гарантира ништо на нашиот тим, па утре ќе мора да го дадеме најдоброто на зелениот терен, за на крајот да обезбедиме пласманот во третото квалификациско коло од Конференциската лига“, вели Османи.
Пјуник покажа дека станува збор за многу добар тим кој не се предава лесно, па утрешниот натпревар, според тренерот Османи, можат да го одлучат мали детали.
„Се работи за два тима кои се борат за пласман во следното коло, но, сепак, треба да останеме што е можно помирни и смирено да влеземе во натпреварот. Иако имаме мала предност, тоа не е резултат што ни го гарантира пласманот во следното коло, па секако во овие денови работевме и разговаравме во тој правец, да направиме сè за да се квалификуваме во следното коло“, изјави тренерот на Струга ТЛ.
„Секако дека ги анализиравме фудбалерите на Пјуник и ми оставија впечаток како тактички многу дисциплиниран тим, со поединци кои знаат како да ги решат ситуациите во вистинските моменти. Знаеме дека утре нѐ очекува тежок натпревар, дуел каде што можеби ќе одлучуваат нијанси и деталите“.
„Да бидам искрен, имаме дилема поради повредата што ја имаше еден фудбалер, но како и обично, тимот што победува, ретко го менувам, иако утре можеби ќе бидам принуден да променам нешто. Сè уште е дискутабилно, бидејќи тој можеби и ќе може утре да излезе на теренот, Нема да споменувам име“, остана таинствен Ќатип Османи.
Тј утре ќе го забележи својот јубилеен 30-ти натпревар како тренер во европските натпреварувања.
Досега има 29 натпревари, при што има забележано 17 порази, четири нерешени меча и осум победи, вклучувајќи ја и последната против утрешниот противник, Пјуник, на првиот натпревар во Охрид.
Победникот од овој дуел, во третото квалификациско коло ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Диферданж и Ордабаси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
