Connect with us

Каспер Шмајхел потпишува за Андерлехт, заедно со Торган Азар

Данскиот голман Каспер Шмајхел кариерата ќе ја продолжи во белгиски Андерлехт, објавија тамошните медиуми.


36-годишниот Шмајхел ќе потпише со „виолетовите“ како слободен играч на договор до крајот на тековната сезона 2023/24.
Поранешниот капитен на Лестер остана без тим на крајот на минатиот месец кога изненадувачки беше ослободен од Ница.

Во меѓувреме, медиумите во Белгија објавија дека Андерлехт е исто така многу блиску до потписот на играчот за врска Торган Азар од Борусија Дортмунд. Двата клуба се во напредна фаза на преговори и на 30-годишниот белгиски репрезентативец му е понуден четиригодишен договор.

Трансферот се очекува да биде околу 5 милиони евра со бонуси.

Преодниот рок во Белгија, еден од последните отворени во Европа, се затвора на 6. септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови