
Манчестер Јунајтед се наоѓа во тешка ситуација оваа сезона, а менаџерот Ерик тен Хаг го загуби своето работно место поради лошите резултати. Неговиот наследник, Рубен Аморим, се соочува со предизвикот на реконструкција на екипата, бидејќи „црвените ѓаволи“ моментно го заземаат 13. место во англиската Премиер – лига со 23 бода од 20 кола.
Поради тоа, се очекува голем број играчи да го напуштат клубот, а управата ќе му дозволи на Аморим целосно да ја реконструира екипата.
Еден од најкритикуваните играчи е 32-годишниот бразилски играч за врска, Кашемиро. Многумина сметаат дека тој веќе не е на елитно ниво и му советуваат да се пресели во Саудиска Арабија. Ал-Наср, клуб кој веќе се обиде да го доведе Кашемиро минатата година, повторно е заинтересиран, а според британските медиуми, Бразилецот сега е поблиску до заминување.
Кашемиро пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2022 година од Реал Мадрид за трансфер вреден околу 80 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal