Репрезентативецот на Бразил, Кашемиро, е уверен дека репрезентацијата на неговата земја може да се носи без Нејмар во останатите натпревари од групната фаза на Светското првенство.
Повредата на скочниот зглоб против Свбија го исфрли Нејмар најмалку за следните два меча. Тој сигурно ќе ја пропушти средбата со Швајцарија во понеделник, а можеби и натпреварот против Камерун во петок. Се уште не е јасно дали фудбалерот ќе може да се опорави за натпреварите во нокаут фазата, но од бразилскиот табор остануваат оптимисти.
„Ако продолжиме да зборуваме за Нејмар, тоа нема да помогне во моментот. Тој е ѕвезда на тимот, оној што ја прави разликата. Но, имаме и други слични играчи – Рафиња, Винисиус, Ришарлисон. Имаме многу опции“, изјави Кашемиро за бразилскиот весник „Глобо“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













