Кристијано Роналдо најави дека ќе игра и на 40 години, но полека и во Манчестер Јунајтед, а и во репрезентацијата на Португалија некои други момци го преземаат шоуто. Весникот „А’Бола“ излезе со наслов „помалку Роналдо, повеќе Португалија“. асоцирајќи дека полека треба да се менуваат работите.
Сега на истата критика се приклучи и Антонио Касано, поранешниот италијански напаѓач кој во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид.
„Во овој момент, Кристијано треба да си направи услуга и да сфати дека кога веќе не можеш да бидеш на одредено ниво, време е да завршиш. Сè освои, феномен си. Сега престани, доста е!“, изјави Касано.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski