Connect with us

Карвахал: Сити беше подобар, а Реал ќе се врати уште посилен

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, го призна поразот од Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите на „Итихад“. Англичаните победија убедливо со 4-0, а десниот бек на Реал изјави и дека тотално го надиграле неговиот тим.


„Тие тотално нѐ надиграа. Мора да признаеме дека Сити беше подобар тим и нешто ни недостигаше. Дозволивме премногу да нѐ притиснат. Знаевме дека Манчестер Сити е многу силен дома, но по првиот натпревар имавме верба дека можеме подобро од она што го покажавме. Ние сме Реал Мадрид и ќе се вратиме посилни. Ќе работиме напорно за да се вратиме повторно следната сезона“, изјави Карвахал.

Манчестер Сити во финалето на ЛШ ќе игра против Интер на 10 јуни во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови