
Пред Реал Мадрид е уште едно големо финале и шанса да освои уште еден трофеј, 15-ти во Лигата на шампионите, но против Борусија Дортмунд ќе биде сѐ освен лесно да се исполни целта.
Натпреварот во Лондон на стадионот „Вембли“ ќе започне во 21 часот, а со денови се пишува за пресметката што ќе ни го донесе новиот шампион на Европа.
Многумина, мора да се признае, го сметаат тимот на Реал Мадрид за фаворит, но и Борусија Дортмунд има свои адути.
Од каде доаѓа најголемата опасност знае и искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Дани Карвахал.
Карвахал ќе биде на посебен тест бидејќи треба да го чува еден од најбрзите фудбалери на денешницата, Карим Адејеми, крилниот напаѓач кој на 30 метри е “побрз од Усеин Болт“.
Всушност, брзината на играчот на Борусија на тоа растојание е забележана на само 3,60 секунди, додека на Усаин Болт му биле потребни 3,78 секунди за да го помине истото растојание.
Карвахал мора да се соочи со сето тоа, но секако има големо искуство и знае како да се позиционира во вакви дуели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
