Connect with us

Карсон застана на голот на Сити и испиша историја во ЛШ

Во сенка на дуелот меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, синоќа остана натпреварот Манчестер Сити – Спортинг Лисабон. Со оглед дека англискиот тим славеше со 5-0 во Португалија на првиот натпревар, немаше резултатска неизвесност, па Пеп Гвардиола можеше да комбинира со тимот.


Така, можност за игра доби третиот голман Скот Карсон (36), кој во игра влезе во 73. минута на местото на Едерсон.


За Карсон тоа беше само втор настап во Лигата на шампионите во кариерата, а претходниот се случи во 2005 година кога го бранеше голот на Ливерпул против Јувентус.


Поминаа 16 години и 338 дена, што е најдолгиот период што еден фудбалер го чекал до следниот натпревар во Лигата на шампионите. Ова воедно беше и прв натпревар за Карсон сезонава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови