Реал Мадрид планира да му понуди нов договор на напаѓачот Карим Бензема. Иако наближува 35 години, Французинот ја одигра една од своите најдобри сезони откако е на „Сантијаго Бернабеу“, а тоа ги убеди раководните луѓе дека заслужува да добие понуда за продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2023 година, пишува „Марка“.
До неодамна се мислеше дека претседателот Флорентино Перез сака да привлече помлад напаѓач. Сепак, тој не успеа да ги купи ниту Килијан Мбапе, ниту Ерлинг Холанд, па можеби тоа е она што ја сврте вагата за да го задржи Бензема на „Бернабеу“.
Се очекува Французинот да добие предлог за продолжување на договорот на уште две години. Тој ќе добие и гаранција од раководството дека во овој период ќе продолжи да биде главен напаѓач во тимот и за ова време неговиот заменик нема да биде регрутиран.
Бензема веќе има 13 сезони во Реал Мадрид. За тоа време одигра 625 натпревари, постигнувајќи 303 гола. Меѓу многуте освоени трофеи со клубот, Французинот може да се пофали со пет титули во Лигата на шампионите и уште четири во Ла Лига. Тој е фаворит за „Златната топка“ оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













