
Карим Бензема одлучил да стави крај на својата фудбалска кариера по завршувањето на сезоната, иако неговиот договор со Ал-Итихад важи до летото 2026 година. Изненадувачката вест ја објави „Релево“, додавајќи дека Бензема ќе се врати во Реал Мадрид како амбасадор на клубот ширум светот, со посебен фокус на арапските земји.
Во Саудиска Арабија, Бензема не успеал целосно да се адаптира, што е главната причина за неговата одлука да ја заврши кариерата. Според медиумите, тој е заморен не само психички, туку и од климатските услови во земјата.
Сепак, Карим е најдобар стрелец на Ал-Итихад со 10 голови во 11 натпревари, исто колку и Кристијано Роналдо. Единствено Александар Митровиќ има повеќе голови од нив во шампионатот – 12.
Сигурно е дека од клубот нема да имаат ништо против Бензема да го прекине договорот за уште една сезона. Французинот заработува 100 милиони евра годишно, а неговото повлекување би му заштедило значителна сума на Ал-Итихад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal