
Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе го запалат фудбалскиот пазар во Европа следното лето, но тука е и уште еден фантастичен млад голгетер кој привлекува внимание со своите игри и постигнатите голови. Тоа е Карим Адејеми од Салцбург.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд подолг период го следат напаѓачот на Салцбург, а сега и Пари Сен Жермен тропна на вратата на австрискиот клуб.
Трите клуба сакаат да го ангажираат 19-годишниот напаѓач, а во трката се и Ливерпул, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Се верува дека Баерн Минхен е во пол-позиција бидејќи Адејеми бил во неговата младинска школа, а во една прилика рекол дека би сакал да се врати и да покаже дека грешат што го пуштаат да си замине.
Младиот германски напаѓач оваа сезона одигра 18 натпревари за Салцбург и постигна 14 гола, забележувајќи и две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
