Членот на Чемпионшип и поранешен премиерлигаш, тимот на Кардиф, е заинтересиран да го ангажира Енис Барди. Според информациите, Кардиф го сака капитенот на македонската репрезентација како засилување за средниот ред, а би го довел на шестмесечна позајмица.
Трабзонспор исто така ја разгледува опцијата да го испрати Барди на позајмица, иако претходно се споменуваше и можен трансфер во германскиот бундеслигаш Унион Берлин.
Тренер на Кардиф е турскиот стратег Ерол Булут, кој добро ги познава квалитетите на Барди од турскиот фудбал.
Кардиф Сити во моментот се наоѓа на деветтото место на табелата и се надева дека ќе успее да обезбеди место во плејофот за пласман во Премиер-лигата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












