Нема мир во репрезентацијата на Франција и сега останува на Дешамп малку да ја „затегне“ работата. Многумина сметаа дека проблемот е Бензема, но тој се повреди, а како што тврдат медиумите, се однесува многу коректно и топло е прифатен од соиграчите.
Овој пат има конфликт помеѓу Жиру и Мбапе.
Имено, Жиру постигна два гола во победата од 3-0 против Бугарија, но по натпреварот тој рече дека неговите соиграчи не му ја додавале топката доволно. Тоа го разбесни Мбапе и едвај го одвратиле да не одржи прес-конференција.
Французите сметаат дека Мбапе е незадоволен и нервозен затоа што ПСЖ одбива да му дозволи трансфер во Реал Мадрид.
„Тој се однесува срамно, а кога го напушти теренот, имаше израз на лицето како да губиме со 4-0. Па, не се врти се околу него, националниот тим не е создаден само за тој да биде во главна улога”, критикуваше поранешниот репрезентативец Мику.
Мбапе верува дека треба да ја има главната улога во репрезентацијата на Франција, а добро се сложува единствено во Бензема. Сепак, ќе мора да го ограничи егото.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












