
Шкупи утревечер го пречекува Пјуник во реванш меч од првото квалификациско коло во Лигата на Европа со надеж дека може да се пласира во следната рунда. Има позитивни 3-3 од првиот меч во Ереван.
„Нема да калкулираме и да играме на 0-0. Пјуник е квалитетен тим, но ние имаме добар резултат од првиот меч и не се плашиме. Ќе играме дома, пред нашите навивачи и сакаме победа“, изјави Умит Каран, тренерот на Шкупи.
Капитенот Муарем Бајрами вели дека Шкупи сега го очекува потежок меч, од гостувањето во Ерменија.
„Ќе биде двојно потешко утре. Имаме добар резултат, но ќе треба да одиграме уште подобро на утрешниот реванш. Сакам да ги израдуваме „Шверцерите“ и да се пласираме понатаму во Лигата на Европа. Пјуник е добар тим, нашите тимови имат негативна традиција со овој ерменски клуб, но време е да ја прекинеме. Со поддршка од навивачите, кои се наше најсилно оружје, можеме до успех“, изјави Бајрами.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
