Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и против Бугарија (Скопје, 26. септември).
Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда.
Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Валон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија, потврдија од ФФМ.
Стручниот штаб на А-тимот подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.
Македонската репрезентација денеска во 17:30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













