
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула. Кога беше најтешко, на гостински терен во Тетово, и во позиција кога само со триумф можеа да ја одбранат титулата, стружани покажаа квалитет, победнички дух и потврдија дека во моментот се најдобриот тим во Македонија.
Сето ова, во најава пред дербито со Шкендија, го тврдеше капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани.
„Вака е можеби најслатко. Докажавме дека сме најдобри со голема победа против Шкендија во Тетово. Реков и претходно, дека верувам во овој тим, дека имаме несомнен квалитет, но и потребното искуство, и дека нема да се исплашиме од атмосферата и публиката. Напротив, бевме максимално мотивирани да одиграме најдобро што знаеме против еден навистина квалитетен тим на Шкендија. Имааа и тие свои моменти на мечот, но ние го издржавме почетниот притисок, а потоа почнавме да создаваме шанси, од кои и реализиравме два гола. Ова е награда за напорната работа во текот на целата сезона, мислам дека наполно заслужено ја одбранивме титулата и сакам да им честитам на сите соиграчи, на тренерите, раководството на клубот и секако, на нашите навивачи. Ова е нов огромен успех на Струга Трим Лум и нов мотив да се работи уште понапорно во иднина“, изјави за Буњамин Шабани за МАКФУДБАЛ.
Во последното коло, Струга ТЛ на домашен терен ќе го пречека Шкупи за прослава на титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal