Македонскиот прволигаш Пелистер со денешниот состанок и прв тренинг ги започна подготовките за новата сезона. Димитар Капинковски попладнево прозиваше на стадионот „Петар Милошевски“, а од ланската екипа присутни беа само дел од фудбалерите со постоечки договори и оние кои летово потпишаа нови (Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски, Керим).

Најзвучно засилување е враќањето на Стефан Спировски. На истекот на договорот клубот го напуштија: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов. Кон првиот тим се приклучени и најталентираните младинци (Јован Мрмарчевски, Андреј Мурговски и Ерџан Фејзуловски).

Екипата ќе тренира во Битола, а во втората фаза ќе одигра пријателски натпревари со Струга Трим Лум, Трајал Крушевац, Егалео, Охрид
Новата сезона во Првата лига ќе започне на 8/9/10 август.
Новиот проект на ФК Пелистер започна со новиот борд на директори, на чело со Александар Стефановски, новиот координатор на пионерско-младинската школа, Марјан Секуловски, а од пред десетина дена нов шеф на стручниот штаб е Димитар Капинковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













