
По убедливиот пораз од Вардар на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Пелистер со оптимизам пристапуваат кон втората рунда. Денеска ги очекува гостување во Струмица против тимот на Брера.
Тренерот на „пелистерци“, Димитар Капинковски, истакнува дека тимот секогаш ќе дава максимум на теренот, а за остварување на зацртаните цели се надева дека до крајот на преодниот рок ќе пристигнат уште некои засилувања.
„Првенството е само на почетокот. Генерално, сите тимови – освен оние што имаа настапи во Европа – сè уште се во процес на компонирање и ги играат своите први натпревари. Затоа сметам дека на стартот шансите за позитивен резултат се 50-50“, вели Капинковски пред денешниот натпревар во Струмица.
„Ние, како ФК Пелистер, секогаш се подготвуваме максимално за секој натпревар, без разлика на противникот, и секогаш ќе се стремиме кон позитивен исход. Преодниот рок трае до 7 септември, па сè уште постои можност да донесеме играч кој би помогнал во реализација на нашите цели.“
Тимот се надева дека подобрата подготовка и евентуалните нови засилувања ќе донесат значително подобри резултати на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
