
Борец и Пелистер на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес денеска (15 часот) ќе го заокружат 24. коло во Првата фудбалска лига. Велешани се можеби малку покомфорни од бодовен аспект, но ова секако е дуел во кој и двете екипи гледаат можност за бегство што е можно подалеку од опасната зона на табелата.
Пелистер неодамна славеше со 3-1 против Борец под „Тумбе кафе“, но сега околностите ќе бидат поинакви на стадионот во Велес.
„Теренот ќе биде различен, вештачка наместо природна трева, но тактички и резултатски ќе биде сличен натпревар како оној во Битола. Одиме со исти желби и амбиции и надеж за добра игра и освојување на бодови. Дали тоа ќе биде еден или три, табелата не ни дозволува да се опуштаме. Мора да собираме бодови, а истото се однесува и за Борец, па очекувам тврд и неизвесен натпревар“, изјави тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски.
На голот на Пелистер ќе се врати Давор Талески, а поради пет жолти картони во одбраната нема да биде Дарко Илиески.
Борец се наоѓа на шестата позиција со 32 бода, додека Пелистер е седми и има четири бода помалку од денешниот ривал.
На вчерашните натпревари од 24. коло се постигнати следните резултати: Вардар – Шкендија 1-6, Ренова – Македонија ЃП 1-2, Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-0, Силекс – Шкупи 1-3, Беласица – Работнички 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
