Големиот италијански тренер од блиското минато, Фабио Капело, не го поштеди од критики Пеп Гвардиола, кој поминува низ голема криза со резултатите на Манчестер Сити.
„Гвардиола е одличен тренер, но многу арогантен и претенциозен. Понекогаш дури губел трофеи бидејќи сакал да покаже дека тој ги освојува, а не играчите, и поради тоа исклучувал клучни играчи во големите натпревари. Според мене, овде станува збор за одземање на заслугите на тимот и пренасочување на вниманието кон себе“, изјави Капело за „Скај Спорт Италија“.
Капело, исто така, упати критики и кон голманот на Сити, Едерсон, кого го оцени како „катастрофа“. Неговото мислење за Едерсон беше поддржано од поранешниот италијански напаѓач Паоло Ди Канио.
„Едерсон има талент, но е толку арогантен што прави грешки само поради претерана самодоверба и желба да се истакне“, изјави поранешниот играч на Лацио.
78-годишниот Капело последен пат работеше во Кина во сезоната 2017/18. Тој ја освои Лигата на шампионите со Милан во 1994 година, има четири титули со „росонерите“, една со Рома и две со Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













