
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело искажа изненадувачки став за Роберто де Зерби. Тој не е премногу ентузијаст за тренерските квалитети на Де Зерби и смета дека не припаѓа на елитата кога се во прашање тренерските стручњаци во Европа.
„За мене Де Зерби е третокласен тренер. Не спаѓа во елитната група на тренери, но не и во втора класа. Тој е трета група за мене. Многу се зборува за него само затоа што Гвардиола го „спонзорира“, но оваа сезона покажа што може“, изјави Капело.
„Сега тој е на десеттото или единаесетото место со Брајтон на табелата. Што освои во кариерата? Да го погледнеме неговото „си-ви“, тој го освои само трофејот во Купот на Украина додека раководеше со Шахтјор и тоа е тоа”.
Капело за Гвардиола и зборот „спонзори“ објасни дека значи дека Пеп често го фали во јавноста и вели дека е врвен тренер, но овој 77-годишник смета дека Де Зерби сѐ уште не е ни блиску до докажување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
