
Францускиот интернационалец Нголо Канте поради повреда мораше да го напушти теренот на „Стемфорд бриџ“ по само половина час на синоќешниот дуел против Лестер. Најверојатно се работи за повреда на мускулот поради која Томас Тухел, менаџерот на Челси, но и Дидие Дешамп, селекторот на Франција, ќе стравуваат додека не ја дознаат точната дијагноза на повредата.
Челси на 29 мај ќе го игра финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити во Порто, а Франција е еден од фаворитите за освојување на титулата на Европското првенство. И во клубот и во националниот тим, Нголо Канте е една од клучните алки на средината на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal