
Италијанскиот стратег Фабио Канаваро би можел да ја напушти клупата на Динамо Загреб откако претходно отказ доби спортскиот директор Марко Мариќ, човекот кој го доведе на “Максимир”.
Канаваро изразил подготвеност да замине од клубот по отказот на спортскиот директор Марко Мариќ. Тој нешто повеќе од еден месец е на кормилото на хрватскиот првак, а успеа да го победи Милан во Лигата на шампионите.
Раководството на Динамо веќе има опција и доколку Канаваро замине. Тие веќе разговарале со потенцијалниот нов тренер, Жељко Сопиќ, поранешниот стратег на Ријека и на Горица, кој во моментов е без ангажман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal