Connect with us

Канаваро се враќа во Италија и ќе предводи тим од Серија Б

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро, кој како капитен ги предводеше „азурите“ до титулата светски шампион во 2006 година, се враќа во италијанскиот фудбал како тренер. Тој својата тренерска кариера досега ја градеше во Азија, каде работеше во Саудиска Арабија и Кина.

Според италијанските медиуми, тој е во завршни преговори со Беневенто, кој се натпреварува во Серија Б. Клубот од југот на Италија го замени Фабио Касерта, кој на шест одиграни натпревари освои седум бода.

Канаваро во својата кариера ја освои титулата шампион на Кина со тимот на Гвангжу кој го водеше од клупата четири години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови