
На Италија и донесе светска титула, а работеше и како тренер во Кина. Фабио Канаваро се уште е меѓу најпочитуваните фудбалски фигури на „чизмата“, па даде свое мислење и за баражот за пласман на мундијалот.
Италија за прва пречка ја има Македонија, а Фабио Канаваро вели дека актуелниот европски првак нема од што да се плаши кога е во прашање нашиот национален тим.
„Нема од што да се плашиме кога е во прашање Македонија. Нормално, секој ривал е за респект, но мислам дека Италија не би требало да има проблеми во првиот плејоф меч од баражот ако игра како на Европското првенство. Очекувам дека токму на таков начин момците ќе се претстават во баражот за пласман на Светското првенство. Тоа е последната шанса за Италија да биде дел од мундијалот во Катар“, изјави Фабио Канаваро.
Италија ќе ја пречека Македонија на 24 март следната година во полуфинална пресметка од баражот за пласман на Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal