Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски прати дополнителен повик за Александар Ѓуркоски од Шкупи и Ѓорге Јанкулов од велешки Борец за почетните натпревари на младата репрезентација во квалификациите за ЕП 2023. Нашата млада селекција на 2. септември и на 7. септември ќе се соочи со Франција во Ле Ман и со Србија на домашен терен во циклусот за пласман на ЕП во Романија и Грузија.
На редовните клупски тестирања на вирусот Ковид-19, позитивни резултати добија Марио Младеновски од Ботев Пловдив и Адријан Хајдари од Рапид Виена. Двајцата фудбалери ќе поминат период на самоизолација и многу веројатно нема да конкурираат за место во тимот за пресметките против Франција и Србија.
На 29. август во Скопје е официјалниот собир на репрезентацијата до 21 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski