Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот) се среќава со Србија во Белград, во дуелот од 7. коло во групата Х, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Селекторот Драги Канатларовски најавува тежок натпревар против квалитетен ривал, а полн е со комплименти и за нивниот нов селектор, Горан Стевановиќ.
„Пред се сакам да испратам честитки на раководството на Србија, за ангажанот на Горан Стевановиќ како нов селектор на репрезентацијата. Горан пред се е мој многу добар пријател, кој беше извонреден и феноменален фудбалер, а моментално е одличен тренер и прекрасна личност. Му посакувам се најдобро. Противникот го почитувам многу, имаат промени во составот и стручниот тим во споредба со средбата во Охрид, но секако поседуваат голем индивидуален потенцијал. Запознаен сум добро со нивните квалитети, селекцијата е составена од фудбалери кои поседуваат огромен индивидуален квалитет“, вели Канатларовски.
Тој смета дека предноста на Македонија можеби е во тимскиот дух, наспроти одличните српски индивидуалци.
„Имаме јасна цел, многу добро знаеме како треба да одиграме, верувам во квалитетот на моите фудбалери, сакам да го пофалам нивното залагање на тренинзите и огромната желба за добар настап и позитивен резултат на претстојната средба. Нашата предност е во тоа што одлично функционираме како тим. Тимскиот дух што го поседуваме може да биде и одлучувачки фактор на оваа средба. Верувам дека ќе постои огромен мотив за докажување кај двете селекции. Ќе излеземе на терен со јасна цел, да одиграме добро, квалитетно и фокусирано во текот на сите 90 минути. Не смееме да му оставиме многу простор на противникот да се разигра, нека победи подобриот”, истакна селекторот на младиот национален тим во 21 година.
Натпреварот меѓу младите селекции на Србија и на Македонија е закажан за 17 часот на стадионот во Вождовац во Белград.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski