Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска (16 часот) на стадионот „Билјанини извори” во Охрид ќе игра против селекцијата на Србија. По поразот (0-3) од Франција, која потоа киксна и одигра само реми против Фарски Острови, денеска младите македонски фудбалери ги очекува дуел против Србија, во второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција и поразот од 3-0 во Ле Ман.
„Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да се воиграме за овој меч против Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема. Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност“, изјави селекторот Канатларовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













