
Реал Мадрид ќе игра во финалето на Кралскиот куп на Шпанија откако го декласира вечниот ривал Барселона на „Камп Ноу“ со 0-4. Неверојатен меч одигра Карим Бензема, кој постигна хет-трик, а и асистираше за првиот гол за „кралевите“ што беше дело на Винисиус Жуниор.
Барселона имаше предност од 1-0 по првиот меч на „Бернабеу“, а Реал Мадрид возврати со полна мера на вечерашниот реванш.
Во последните мигови од првиот дел, Винисиус Жуниор го отвори резултатот и донесе израмнување во вкупниот скор.
Во второто полувреме на сцена стапи Карим Бензема. Французинот зголеми на 0-2 по одличната акција на Лука Модриќ, со шут од 16 метри во 50.минута, а осум минути подоцна реализираше и пенал, што го изнуди Винисиус Жуниор.
Бензема ја затвори серијата во 81.минута, повторно на асистенција на Винисиус Жуниор.
Реал Мадрид во финалето на Кралскиот куп ќе игра против Осасуна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
