Едуардо Камавинга конечно е подготвен да се врати на терените. Францускиот играч за врска на Реал Мадрид во сабота треба да ги запише своите први минути сезонава, кога „кралскиот клуб“ ќе се соочи со Еспањол во натпревар од Ла Лига.
Под водство на новиот тренер Чаби Алонсо, Камавинга сè уште нема официјален настап, откако серија повреди го држеа надвор од комбинација. Последната, проблем со задната ложа, го извади од строј токму пред стартот на сезоната, а дополнителни компликации ја продолжија неговата пауза за уште еден месец.
Иако нема да биде дел од составот за дуелот со Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите во вторник, планот е Камавинга да се врати на списокот за викендот и да почне постепено да собира минути.
Добра вест за Реал е тоа што Французинот веќе денес се враќа на тренинг со екипата, што е јасен сигнал дека закрепнувањето се движи во вистинска насока.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













