
Лече го потврди доаѓањето на Франческо Камарда, 17-годишниот талент на Милан и италијанската репрезентација, кој веќе пристигна во градот и е подготвен да ги помине медицинските прегледи пред летниот трансфер.
Во младинските категории на Милан, Камарда има впечатлива статистика од 485 голови во само 89 натпревари, што го вбројува меѓу најголемите млади таленти на Стариот континент.
Младиот напаѓач ќе се приклучи на клубот како позајмен играч со опција за откуп, но и со контра-клаузула во корист на Милан, што му овозможува на клубот од „Сан Сиро“ да го врати доколку тој се развива според очекувањата.
Медицинските тестови се закажани за понеделник, кога започнуваат и претсезонските подготовки на Лече.
Камарда е веќе запишан во историјата како најмладиот дебитант во Серија А, а Милан се надева дека преку оваа позајмица тој ќе добие значајна минутажа во првиот тим и ќе продолжи да се развива со редовен прволигашки фудбал.
И покрај интересот од други клубови во Италија, Лече победи во трката благодарение на гаранцијата дека Камарда ќе добие вистинска шанса во првиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
