
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Калвин Филипс, би можел да и се приклучи на Барселона до крајот на зимскиот преоден рок. Влијателни каталонски медиуми откриваат дека Англичанецот е избран како привремено решение до крајот на актуелната сезона.
Планот е Барселона да го донесе Филипс на позајмица, без задолжителен откуп, но неговото доаѓање нема да биде толку едноставно.
Филипс сака редовна минутажа за да го импресионира селекторот Герет Саутгејт за ЕВРО 2024, но дополнително ќе мора да се откаже од добар дел од платата за Барса да го доведе под условите на финансискиот фер-плеј.
Манчестер Сити треба да направи отстапка и да покрие поголем дел од платата на Филипс, но не треба да заборавиме дека Каталонците и Англичаните имаат добри односи.
Во текот на изминатите неколку години, многу играчи се преселија од „Итихад“ во Каталонија, Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и ова лето Илкај Гундоган. Сите тројца си заминаа по истекот на договорот со Сити, но не е невозможно Сити да им помогне на Барса и Филипс да го реализираат трансферот.
Калвин Филипс пристигна во Сити од Лидс во летото 2022 година за 50 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па целосно падна во втор план под водство на Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal