
Централниот дефанзивец Рикардо Калафиори се договорил со Арсенал за личните услови. Тој ќе потпише договор на пет години со плата од четири милиони евра по сезона. Лондонскиот клуб продолжува да преговара со Болоња за трансферната сума и конкретните параметри на зделката, но се очекува таа да биде околу 50 милиони евра.
„Топчиите“ го засилија интересот кон играчот во последните недели и многу брзо напреднаа во преговорите со италијанскиот тим, иако до неодамна Калафиори беше сметан за речиси сигурно ново засилување на Јувентус. Тој се претстави одлично и во дресот на репрезентацијата на Италија на ЕВРО 2024, учествувајќи во сите четири натпревари на „аѕурите“ во Германија.
Калафиори ќе се бори за стартно место во срцето на одбраната на Арсенал со досегашните стартери Вилијам Салиба и Габриел Магалјаеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal