
Италијанскиот првак Јувентус е далеку од врвот во Серија А, загуби со 0-3 на последниот меч против Фиорентина во Торино, а се чини дека „старата дама“ полека ја губи и наклонетоста на судиите во Италија.
Весникот „Тутоспорт“ кој важи за близок до интересите на Јувентус, објави список од седум ситуации во кои тимот е „украден“ од судиите во првиот дел од сезоната во Серија А.
Против Рома, судијата пропуштил да го исклучи Пелегрини поради втор жолт картон на стартот на второто полувреме, а против Кротоне судијата престрого му дал црвен картон на Киеза за прекршокот над Чигарини. Против Верона, не е санкциониран чист пенал над Бернардески откако беше повлечен од Фараоно, а судијата се правдал дека не му било потенцирано од ВАР собата да ја погледне снимката.
Истиот судија пропуштил да свири пенал во Беневенто кога Де Лихт е фаулиран после корнер, судиите во ВАР собата исто така не интервенираа, а после тоа е суспендиран. Јувентус го доби Торино, Лукиќ жестоко стартуваше над Бентанкур, помина без исклучување, но од друга страна за такви стартови фудбалерите на Јувентус добиваат црвени картони. Јуветус е клуб со најголем исклучени луѓе во петте најдобри лиги.
Против Аталанта, Ромеро заслужи исклучување, како и Де Рон, но судијата не се огласил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
