Фудбалерот на Вест Хем, Џес Лингард, по две години повторно доби повик во репрезентацијата на Англија. Тој има фантастичен пресврт во кариерата откако реши да го напушти Манчестер Јунајтед и замина на позајмица во Вест Хем.
На „Олд Трафорд“ беше на клупата за резерви, некогаш дури и на трибините, и не добиваше минутажа, а откако се пресели во Вест Хем, повторно оживеа фудбалски и заигра како во најдобрите денови. Постигна неколку гола, подели асистенции и повторно доби повик од Герет Саутгејт во репрезентацијата на Англија.
Лингард беше важен член на англискиот национален тим во 2018 година кога Англија стигна до полуфиналето на Светското првенство, а последен пат играше во дресот на гордиот Албион во финалето на Лигата на нации во јуни 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













