Репрезентацијата на Швајцарија синоќа направи големо изненадување со победата против Франција во осминафиналето на Европското првенство. Падна светскиот првак уште на самиот старт од елиминациската фаза.
Французите водеа со 3-1 пред крајот од мечот и се чинеше дека се пласираа во четвртфиналето, но потоа Швајцарците на крилјата на Сеферовиќ и на Гаврановиќ успеаја да изборат продолженија и да направи големо изненадување.
Швајцарците беа убедливи при изведувањето на пеналите, а трагичар на овој меч беше Килијан Мбапе кој промаши пеналот во петтата серија.

Херој на репрезентацијата на Швајцарија беше голманот Јан Зомер, кој успеа да го одбрани пеналот на Мбапе и со тоа да го однесе својот тим во четвртфиналето, што малкумина можеа да го очекуваат.
Мбапе беше во лоша форма на овој турнир и не го покажа тоа што се очекуваше од него. Интересна ситуација се случи кога Мбапе мораше да изведе пенал. Зомер сакаше да го збуни и успеа во тоа.
Зомер со рака му покажа на Мбапе дека смета дека ќе шутира кон неговата лева страна, но на крајот се фрли десно и успеа да го запре неговиот удар.
Слично нешто испроба и Хуго Лорис со играчите на Швајцарија, но не успеа да ги прочита нивните удари од белата точка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













