Connect with us

Како тоа се прави во светот за разлика од кај нас: „Бернабеу“ добива нов тревник за седум дена

Арената „Тодор Проески“ има очаен тревник во изминатите неколку години. Фудбалските репрезентативци постојано се жалеа на условите, за разлика од стадионите ширум Европа каде што настапуваат, а јасно е како тоа се прави во развиените земји.

Реал Мадрид е „галаксија“ за Македонија и за нашите услови овде, но секогаш треба да се земе примерот од најдобрите, како тоа треба да се направи. Се разбира, за сѐ околу спортот, кој во светот се сфаќа како голем бизнис, треба и да се вложат доволно финансии.

Така, тревникот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ комплетно ќе биде сменет за само седум дена.

Реал Мадрид синоќа ја победи Алмерија со 4-2, а веќе денеска тревникот е комплетно „изоран“ и се подготвува подлогата за поставување на новата тревната површина.

Работниците имаат седум дена за оваа „операција“, затоа што на 9.мај Реал Мадрид ќе биде домаќин на Манчестер Сити во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови