
Кристијано Роналдо е еден од најголемите фудбалери во историјата, идол на многу деца, инспирација на многу луѓе, човек кој знае да помага на знајни и незнајни во разни животни ситуации. Но, малкумина знаат дека тој всушност го спаси и животот на неговиот повозразен брат Хуго.
Пред 7 години животот на Хуго се влечеше на конец. Тој беше сериозно навлезен во проблеми со алкохол и со дрога, а Кристијано постојано го молеше да му дозволи да му помогне. Но, Хуго ја одбиваше неговата помош разочаран од животот.
Еден ден сепак се нагодија. Доколку Кристијано Роналдо успее да ја освои Лигата на шампионите, Хуго ќе се обиде да ги остави пороците.
Роналдо напорно работеше за да го оствари својот сон, но и да го спаси братот од алкохолот и од дрогата. И му успеа.
Во 2014 година, Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите. Хуго дозволи Кристијано да го плати неговото лекување и оттогаш е далеку и од алкохолот и од дрогата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
