Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, во наредните денови ќе потпише нов договор со „граѓаните“. Германскиот шампион Баерн Минхен, кој имаше сериозен интерес за 33-годишниот десен бек, направи уште еден обид да го доведе минатата недела, но англискиот репрезентативец ќе остане на „Итихад“.
Вокер е стартер во тимот на Пеп Гвардиола кој освои тројна круна минатата сезона. Од почетокот на новата сезона тој стартуваше во сите три натпревари на „небесносините“ во Премиер – лигата.
Неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната, но се чини дека ќе биде продолжен, најверојатно за уште една година, со опција за дополнителни 12 месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













