Овој јануари е турбулентен во тимот на Челси. По ангажманот на Михаило Мудрик сега на ред се заминувања од тимот. Англиските медиуми пренесуваат дека Каи Хаверц ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Баерн Минхен.
Ова е негова трета сезона на „Стемфорд Бриџ“, а во Челзи пристигна од Баер Леверкузен во трансфер вреден 72 милиони фунти.
Оттогаш, тој има 118 настапи за Челси, постигнувајќи 29 гола и забележувајќи петнаесет асистенции за неговиот сегашен клуб.
Сепак, Хаверц не направи сѐ што се очекуваше од него од неговото доаѓање во Челси, а неговата продажба се подготвува со оглед на многуте нови имиња.
Има заинтересирани клубови, а главен кандидат за негово доведување е Баерн кој сака да го врати во Германија.
Челниците на Баерн веќе испратиле неколку понуди за Хаверц, и ќе направат сѐ за да го доведат веќе во јануари, а доколку тоа не биде можно, тој ќе се врати во Германија следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













