Connect with us

Каевски во „пет до 12“: АМС нема да присуствува на Собранието на ФФМ, бара усогласување со Законот за спорт

Агенцијата за млади и спорт застанува цврсто во одбрана на Законот за спорт и бара од Фудбалската федерација на Македонија да го усогласи својот статут според законските државни одредби. Поради тоа, претставник на Агенцијата за млади и спорт нема да присуствува на утрешното Изборно собрание на ФФМ во Охрид, а доколку не бидат направени промени во статутот, може ФФМ да го загуби решението за дејност спорт.

Спорни се делегатите кои доаѓаат од Општинските фудбалски сојузи, како членки на ФФМ. Усогласувањето би значело дека клубовите треба да добијат свои делегати во Собранието на ФФМ.

„Агенцијата за млади и спорт сака да ја истакне својата заложба за стриктно почитување на Законот за спорт на Република Северна Македонија. Фудбалската федерација на Македонија доби барање за усогласување на статутот на федерацијата со Законот за спорт и тоа ќе мора да го стори на утрешното собрание. Во спротивно, Агенцијата ќе ги искористи сите законски мерки за заштита на законот, но да не прејудицираме“, изјави Дарко Каевски.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, промените на статутот што треба да ги изврши ФФМ не се во колизија со статутите на УЕФА и на ФИФА.          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови